The Sound Tube: играј користејќи иновативна технологија на следниот тим билдинг настан

 

 Постојат многу начини ти и твоите колеги да се забавувате кога ќе заминете на тим билдинг. Игри, асоцијации, тематски вечери, учење нови вештини преку забава... Во дел од тие игри, се користат различни технологии и материјали. Доколку досега немаш слушнато за audiospotlight®,  еве прилика да се информираш за најновите технолошки достигнувања во светот кои се присутни и кај нас а кои можеш да ги користиш на твојот следен тим билдинг настан

Кога организираш тим билдинг, најчесто поставувано прашање е: „Што ќе правиме, кои содржини ќе бидат дел од агендата кога ќе отидеме на тим билдинг?

Тим билдинг активностите можат да бидат различни по својата содржина. Често пати учесниците во тим билдинг процесот се ангажираат околу играње игри поделени во тимови. Кои од различните игри ќе се играат зависи од три работи:

1.    Бројот на учесници;

2.    Буџетот кој е предвиден за настанов;

3.    Дали се активностите на „затворено“ или „отворено“.

Под претпоставка дека ги знаеш параметрите за точките од еден до три, во продолжение на овој текст предлагам една игра која можеш да ја играш веќе на следниот тим билдинг користејќи при тоа иновативни технологии:

Sound Tube е игра во која се користи аудио систем со насочена фрекфенција на звукот. Дали некогаш си помислил/ а да бидеш во просторија со останатите колеги и на растојание од само неколку метри да можеш да слушаш аудио сигнал, на пример музика, нарација или прашање кое другите не можат да го слушнат! А плус не носиш слушалки на глава! Системот audiospotlight® е токму тоа. Holosonics® креираше одлична можност за насочено обраќање до единката или целната публика.

Тимот на Еvent Cook успеа да создаде околу овој систем една забавна игра во која ти и твојот тим се натпреварувате, го проверувате своето знаење, стекнувате ново и создавате заедничка слика која евентуално ќе ги краси просториите на вашата организација. Со помош на оваа игра, можете да играте квиз прашања или да го проверите знаењето на вашите колеги на теми важни за секојдневното работење или пак да ја искористите оваа прилика подобро да се запознаете.


Како се игра?

Ја одбираш темата која е важна за твојата организација. Составуваш список на прашања од дадената тема. Доколку одбереш да играш заради подобро запознавање помеѓу колегите може да составиш прашања поврзани со личните преференции на колегите. Или пак доколку сакаш да ги потсетиш своите колеги на детали важни за секојдневното работење составуваш список на прашања кои се однесуваат на таа тема. На овој начин се стимулира повторувањето и утврдувањето на важни информации од одредени области или пак се учат нови содржини. Учењето на нови содржини особено може да биде корисно и полезно за паметење за новите колеги.

Составените прашања ги снимаме и вметнуваме во системот.

Го монтираме системот и ги поставуваме двете плочки на растојание од 2 метри. Се делите во групи и на даден знак тргнувате. Застанувате под аудио плочките и слушате прашање. Продолжувате понатаму и земате парче кое е дел од голема сложувалка. Доаѓате до таблата со можните одговори и го лепите парчето на местото каде мислите дека е точниот одговор.

Се мери времето кое му е потребно на секој тим да ја состави сложувалката. Кој прв ја состави сложувалката е победник. Секако, двата тима креираат сложувалка која може да има мотив по избор на клиентот.

Предности за фирмата: доколку играте Sound Tube, без разлика дали тимот го сочинуваат 10 или 70 луѓе, може да се натпреварувате и да стимулирате создавање на заедничка вредност помеѓу членовите на тимот. Дополнително, вработените можат да повторат или научат содржините важни за нив и секојдневното работење. Играта е наменета за играње во „затворен“ простор кој треба да биде пропорционално голем во однос на бројот на учесници.

Пролетта пристига за две недели. Периодот до тогаш е одлично време за размислување кои игри ќе ги играте на вашиот следен тим билдинг.