Leading Through the Dark – игра за подобрување на комуникацијата во тимовите

 

Размислувате да ја подобрите комуникацијата помеѓу колегите, а потребна ви е иновативна идеја како тоа да го направите?  Дрвени играчки, смеа и едноставна задача чие решение треба да го добиете користејќи ги само сетилата за допир и слух се елементи од новата игра која ќе ви помогне да се забавувате и да забележите како функционираат  тимовите во вашата организација 

Членовите на пооделните сектори и оддели во компаниите секојдневно комуницираат помеѓу себе. Разменуваат информации, објаснуваат одредени содржини и се координираат меѓусебе за да ги остварат своите деловни цели. Од оваа комуникација често пати зависи текот по кој ќе се одвиваат активностите кои членовите на тимот ќе ги превземат со цел да имаат успех од своето работење. Вежбите за подобрување на комуникацијата помеѓу се секогаш добредојдени бидејќи помагаат во намерата колегите да се разберат меѓу себе.

 Leading Through the Dark е игра која ја подобрува комуникацијата, забавна е и овозможува вежбање на координацијата во групата. Играјќи ја оваа игра имате прилика да ги стимулирате лидерите во вашата организација, да ги зајакнете односите помеѓу членовите на корпоративните сектори и на забавен начин да проверите колку ефикасно колегите споделуваат информации помеѓу себе. Од аспект на менаџерите за човечки ресурси играта е одлична прилика за набљудување на функционалноста на секторите и потенцијалот за размена на информации

 

 Како се игра?

 Група од пет учесници на маса со превези на очите сочинува еден тим. Пред вас се наоѓаат рачно изработени дрвени фигури вкупно десет на број. Десетте фигури сочинуваат 5 пара кои дефинираат тема од секојдневниот живот: семејство, храна, животни, небесни тела итн. Вашата задача е за што е можно пократко време да ги соедините петте пара фигури и да одредите која тема ја дефинираат. Карактеристично за оваа игра е што истовремено можат да се натпреваруваат повеќе тимови, но минимум потребен број на тимови е два.

                                                                                                                     Зошто е корисно да се игра?

Оваа игра е важба како да ја подобрите комуникацијата со колегите додека играте едноставна игра користејќи ги сетилата за допир и слух. Додека се обидувате да ја дефинирате темата што ја создаваат петте пара фигури вие со врзани очи вежбате вербална комуникација во тимот.   

Која е користа за организациите?

Набљудувајќи ги тимовите, менаџерите за човечки ресурси имаат прилика да забележат како функционираат тимовите, кој од колегите има лидерски способности и ја предводи групата во дефинирањето на темата, дали одреден тим има потешкотии да ја дефинира темата работејќи премногу индивидуално и дали вашите колеги се разбираат разговарајќи помеѓу себе. 

 Зошто се користат рачно изработени дрвени фигури?

 Фигурите се изработени од дрво бидејќи тоа е пред се природен материјал. Заоблените форми на фигурите ја поттикнуваат креативноста, стимулираат инвентивност по принцип на асоцијации и поттикнуваат забава помеѓу групите.

Дали си спремен да ја водиш групата низ мракот и да ја одредите темата за 10 минути?