Event Management индустријата од регионот на RSVP во Загреб

Единствената манифестација за организатори на настани во регионот го имаше своето трето издание во Загреб. Два дена, на четири локации постојано предавања од утро до пладне а потоа панел дискусии на теми кои не интересираат нас: Организаторите на настани. Беа доделени и осум награди за најдобри настани во регионот а добитниците навистина се потрудиле да организираат настани со впечатливи содржини

Два дена исполнети со интересни предавања на современи и важни теми од Event Management индустријата беа дел од содржината на регионалната конференција RSVP која се одржа во Загреб од 21-22. Фебруари 2018. Единствена од овој тип во регионот на поранешна Југославија, оваа манифестација трета година по ред се обидува да не спои нас, организаторите на настани на едно место со цел да размениме искуства, споделиме знаења и да ги одржиме контактите меѓу нас како би ги организирале вашите настани подобро. Манифестацијата се одржа во загрепскиот City Plaza Event Center, во 4 сали именувани автентично со локации од хрватското крајбрежје: Раб, Брач, Ластово....а пред најголемата сала Корнати - одлично конципиран изложбен простор за сите компании кои обезбедуваат техничка поддршка за настани и можност да ги покажат своите најнови „играчки“- бимери, светла, проектори, озвучување – пример за добар pitching концепт.

Event Cook беше дел од овогодинешната програма на RSVP. "Настаните и маркетинг стратегијата" – како да функционира оваа релација во корист на бизнисот и како можат настаните да бидат ваш “business storyteller” беше тема на предавањето кое го одржа Event Cook, објаснувајќи го концептот на Experiential Economy пред загрепската публика кој е особено важен за креирањето на автентична содржина на настаните.

Осум настани добија награда Attend. Event Cook имаше чест да биде дел од меѓународното жири кое имаше сериозна задача да оцени голем број на регионални настани кои при тоа се беа потрудиле да имаат автентична содржина и да доловат адекватно искуство за посетителите. Најдобар настан за минатата година и најдобар културен настан е организацијата на отворањето на изложбата “Nikola Tesla – mind from the future”. Сараевската агенција Via Media  доби наградата за најдобар настан со непрофитна цел и најдобар B2B настан именуван како Air Future - интерактивен квиз концепт со авионска сценографија, стјуардеси и платформа поставена на фрекфентна локација во градот која ни укажува каква иднина бираме доколку продолжиме да го загадуваме воздухот – интересен конепт особено што со Босанците имаме ист предизвик – енормно загаден воздух. Останатите победници можете да ги погледнете на Facebook страницата на RSVP.

Event Management индустријата расте а RSVP се погрижи да бидеме информирани, вмрежени и среќни што имаме прилика да се собереме на едно место а со иста цел – ефикасен event management.