Event Cook со предавање на RSVP фестивалот во Загреб

 

На 21 и 22 февруари, во Загреб се одржува RSVP – манифестација која ги привлекува на едно место луѓето кои ги организираат вашите настани. Event Cook со задоволство се одзва на поканата да биде гостин и член во жирито која ја доделува наградата Attend за најдобар регионален настан изминатата година.

Организатори, сонувачи со креативни вештини, концепт дизајнери, специјалисти за техника и нови технологии, претставници на т.н Destination Management Companies, менаџери за продажба, претставници на кетеринг фирми но и актери и ентузијасти кои „гледаат“ настани додека вие им ги раскажувате важите промотивните идеи ќе присуствуваат на регионалната манифестација RSVP посветена на Event Management-от.

Веќе трета година по ред, во организација на Асоцијацијата „Događaj“ од Загреб, се одржува RSVP. Манифестацијата е создадена од идејата да ги собере на едно место сите оние кои се занимаваат со организација на настани и нивна логистика а со цел луѓето од оваа индустрија да се вмрежуваат преку размена на искуства и да дознаат „што има ново“ во регионот.

Оваа година, RSVP е конципиран во четири теми чии содржини се:

·         How to sell ice to Eskimos ќе содржи излагања поврзани со продажбата и продажните техники кои можат да се применат пред, за време и по одржувањето на настанот

·         We know you want it – е група на предавања кои ќе содржат излагања од областа на маркетингот и совети што може да се направи подобро од овој аспект на следниот настан

·         So last year... за сите оние кои ги интересира технологијата и нејзината примена во организацијата на  настани -  нови технологии, идеи и апликации

·         Be kind and rewind – примери од праксата, инспиративни разговори и презентации.

Event Cook доби покана да одржи предавање на RSVP оваа година и да учествува во жирито за доделување на наградите Attend. Креативните решенија на Event Cook во однос на презентацијата на услугите од областа на event management-от и пристапот во организирањето на настаните беа одлична препорака за нашите колеги од RSVP фестивалот.

Инаку најавата за предавањето „Настаните и маркетинг стратегијата – направете тие да бидат гласник на вашиот бизнис“ е веќе на програмата на фестивалот и за истото може да прочитате на веб страната на RSVP. Кои се основните карактеристики на настаните, концептот на Experiental Economy и примери од праската преку иновативен пристап во презентирањето ќе бидат преставени пред загребската публика.

Доколку си во Загреб и те интересира event management-от, répondez s'il vous plaît на www.rsvp.hr