Economy of Experiences - современ пристап во организацијата на настаните

 

 или економија на искуствата е идеја, концепт коj во последните 10-тина години го обликува начинот на користење на производите, услугите, a и содржините на настаните. Велат, економијата е во својата четврта развојна фаза, а за луѓето е поважно чувството отколку поседувањето. Во овој најнов концепт кој ги дефинира трендовите на event management-от и маркетингот и воопшто бизнисот во последниве 10-ина години, доживувањата се во фокусот кога се креира концептот за настан или се  создава додадена вредност за производот или услугата

Колку често се среќаваш со прашањето: “како си помина?”, “како беше?” “И, како е?”, особено после посета на некој настан или користење на одредена услуга како на пр. кратко патување резервирано on-line, посета на нов ресторан, гледање филм во кино, запишување на нов курс, учество во семинар, посета на продавница, винарија, концерт во парк, фестивал, отворање на козметички салон, итн.  Одговорите на овие прашања поблиску ги опишуваат искуствата од користењето на производот, услугата или присуството (учеството) на настаните. Economy of Experiences е според многумина новата, четврта фаза на развојот на економијата, а креирањето на автентични искуства е новото поле каде ќе се бара конкурентската предност. 

Во основа, Економијата е алокација и комбинација на ресурсите (материјали, работна енергија и сила, капитал, производи и услуги) во насока на зголемување на придобивките од нивното користење. Придобивките може да бидат од различен карактер, но најчесто се препознаени како доход, приход, бенефити, добиена вредност за цената која е платена  или, народски кажано “ми се исплати или не ми се исплати” (value for money).

Во последните 10-тина години, во светот започна да се зема во предвид искуството од користењето на производот, услугите и присуството (учеството) на настаните.  Автентичните искуства од доживувањата се земаат во предвид како ресурс при креирањето содржини за настаните, а целта е генерирање задоволство кај учесниците (или корисниците доколку станува збор за производ или услуга). Искуството кое го доживуваме во контекст на Economy of Experiences може да биде одредено со една или комбинација од следниве две димензии: степенот на интеракцијата со содржините на настанот кој  е одреден со активната или пасивната интеракција (или учество во процесот на купување или користење доколку станува збор за производ или услуга) (анг. the level of active or passive participation) и, степенот на впивање или впуштање во содржинитe ( или учество во процесот на купување или користење доколку станува збор за производ или услуга ) ( анг. absorption or immersion ). Кога станува збор за содржините  на настаните, тие се создаваат со користење на техничка опрема, декоративни елементи или т.н дизајн на настанот, музика, осветлување, презентации, игри, системи за едноставна регистрација, софтверски апликации, покани, кетеринг, игри, учество на говорници итн. Управувањето со овие елементи со цел создавање на автентично искуство кое ќе придонесе за впечатливо, позитивно или посакувано доживување од учеството на настанот претставува примена на Economy of Experiences во контекст на event management-от.

Концептот на Economy of Experiences упатува на автентични искуства од настаните и придонесува при креирањето нови, атрактивни соджини. Има свој придонес во прилагодувањето на настаните при нивно користење во маркетинг стратегиите, а овозможува креирање на концепти кои придонесуваат за повеќе задоволни учесници од настаните. “Work is theater and every business a stage” велат  американските автори Pine & Gilmore и поблиску го објаснуваат концептот на економија на искуствата уште од 1998 година. Во следните изданија на овој блог ќе можете повеќе да прочитате за практичната примена на овој концепт, придонесот во креирањето на настани и маркетинг трендовите низ светот кои се почесто акцентот го ставаат на искуствата.

Сакате да проверите колке е присутен овој тренд во бизнисот воопшто: забележете колку е често користен зборот “искуство”  во современото деловно окружување on-line и off-line.

*графиконот во овој блог е адаптиран според изворната скица од текстот „Welcome to the Experience Economy", https://hbr.org/1998/07/welcome-to-the-experience-economy