Нова игра за тим билдинг: Human Table Football

 

Не е лесно да се смислат добри содржини за тим билдинг. Важно е во предвид да ја  земеш целта која сакаш да ја оствариш со тим билдингот, можноста игрите и активностите да се изведат на локацијата каде ќе одите и дали сето тоа ќе може да се вклопи во твојата агенда за настанот. Оваа пролет, Event Cook создаде игра која ќе им овозможи одлична забава на твоите колеги и колешки вежбајќи при тоа синхронизација и компетитивен дух. Сега имате можност да играте колку време сакате и на која локација сакате адаптирајќи го времетраењето на играта според агендата – факт кој ти дава слобода и креативност во планирањето на твојот следен тим билдинг настан

 

Скоро да не постои игра која не може да се игра во друштво. Играњето е квалитетно време поминато заедно со колегите и колешките. Играјќи во друштво се смееме и нервираме, се радуваме и негодуваме а победуваме или „губиме“.

Пред да се појават во нашите детски соби видео игрите одевме на флипери. Таму имаше една игра која не беше софистицирана како окружувањето во кое се наоѓаше. Дрвена кутија со рачки од страните и нацртан фудбалски терен во средината. Пластични човечиња во црвени и сини бои по 11 на секоја страна. Фудбалче. Игравме „два на два“, жетончиња и безброј саати поминати во забава.

Сега, тимот на Event Cook создаде фудбалче како тоа што го игравме во детството но со  гооолеми димензии. Во нашето фудбалче, наместо да ги мрдате човечињата – вие можете да бидете на нивното место веќе на следниот тим билдинг настан.

 

Human Table Football

.... или „Stoni nogomet“, „фудбалче“ или „Human Table Football“ кое го направивме за играње на тим билдинг е долго 7м а широко 3м. Може да се „поделите“ во две групи и да играте „5 на 5“ а доколку вашата фирма брои повеќе вработени може да направите и турнирче.

Правилата се лесни: постојано мора да се држите за цевките и единствен начин да се движите е лизгајќи се по цевките лево - десно заедно со вашиот партнер од истата екипа кој е веднаш до вас. Смеете да ја шутирате топката напред и назад но не смеете да се вртите или да ги кревате рацете од цевката. Топката треба да ја префрлите напред кон вашите соиграчи, може и од „спунт“. Ако си вешт обиди се да „дадеш гол“ директно. Може да си играте на време или кој прв до победа од 5 топки – се сеќаваш...толку топки следуваа за едно жетонче.

Со дневни температури близу 20-тиот степен, расте желбата да се биде надвор од канцеларија. Фирмите кои планираат тим билдинг активности верувам претпочитаат повеќе outdoor содржини бидејќи после шестте месеци зима сите сакаме да уживаме на пролетното сонце. Доколку сакаш оваа игра да биде дел од твојот следен тим билдинг, потреба е површина од 8m на 4m. Може да го поставиме на полјана или хотелска тераса а ни требаат 45 минути да се наместиме. Фудбалчето е монтажно и подвижно а ние го носиме каде што сте вие.

Предности на играње вистинско фудбалче

1.    Движењето во фудбалчето е одредено со лизгање по пластичните цевки на кои вие и вашиот колега/ шка се движите само лево – десно без разлика дали сте во „напад“ или се „браните“. На овој начин вежбате синхронизација во движењата бидејќи ефикасна одбрана и напад е возможен доколку функционирате синхронизирано со партнерот до вас.

2.    Со учеството во тим кој треба да постигне гол, се зацрвстува тимскиот дух затоа што поединецот допринесува во остварувањето на тимската победа. Фактот дека не може да трчате напред - назад при тоа внимавајќи како ја пренесувате топката, како го „блокирате“ противничкиот шут и дали ќе ја оставите топката да помине и дојде до двајцата напаѓачи од противничката екипа кои се веднаш пред вашиот голман упатува на концепт во кој секој допринесува од местото на кое се наоѓа. Всушност, како и на работното место во секојдневието.                                                                                               

3.    Најважно: се забавувате и смеете. Тоа, е можеби најголемата придобивка од играње „фудбалче“.

Доколку се одлучите да ја играте оваа игра на следниот тим билдинг настан, смисливте ли каква боја на дресови ќе носи вашата екипа?