Најчестите технички проблеми пред секоја презентација

 

По некое непишано правило секогаш пред почетокот на настанот има „фрка“ со презентацијата – или не се „отвара“, или видеото во презентацијата „нема звук“, и кабелот од проекторот „не одговара на лап топот“. Еве ги причините за најчестите „мали проблеми“ со кои може да се соочиш пред следната презентација и решенијата за нив

Презентацијата и нејзината содржина се составен дел од деловните настани и овој дел од содржината на агендата е речиси секогаш надвор од контрола на организаторот. Од една страна, презентацијата може да е креирана во некоја од верзиите на Power Point програмот, понова или постара. Презентацијата може да содржи видео материјал со звук а, компјутерот на кој е креирана може да биде со Windows ili Macintosh оперативен систем. Од друга страна пак, ти, како организатор на настанот вообичаено обезбедуваш проектор, простор/ платно каде ќе се проектира презентацијата итн.

На денот на настанот доаѓаш малку порано и го здогледуваш првиот предавач како се подготвува за предавање. Ти вели – „ како да се приклучам на проекторот?

 Во тој момент сфаќаш дека проекторот има само VGA (Video Graphics Array) порта (port) преку која може да добие сигнал од лап топот, а лап топот има само HDMI (High Definition Multimedia Interface) порта (port) преку која може да емитува сигнал. 

VGA cable  HDMI cable

 

 

 

 

 

 

 

  

                                                                                                                                                       

Затоа, секогаш провери ги портите на проекторот пред настанот а од предавачите обиди се да добиеш информација какви се портите на нивните лап топи. Со техничкото лице во салата обезбеди VGA кабел, HDMI кабел и ако има потреба switch – адаптер (премостувач) кој може да го „премости“ сигналот. Ова значи дека лап топот може да емитува сигнал со HDMI кабел (доколку лап топот има само таква излезна порта) до адаптерот, кој од другата страна има компатибилна порта за VGA кабел преку која може да емитува сигнал до проекторот, (доколку проекторот има само таква влезна порта)

 Презентациите содржат видеа со „звук“.  Проекторите немаат можност да емитираат звуци. Проекторите проектираат слика а сигналот го добиваат преку VGA или HDMI кабел.  За да може звукот од видеото кое е дел од презентацијата да се емитува преку разгласниот систем (звучниците во салата) потребен е т.н „аудио кабел“ кој ќе го превземе звукот од компјутерот и ќе го „однесе“ до главната миксета за оттаму да биде емитиран во салата.

Често пати се случува предавачот да донесе Apple компјутер кој има специфични порти за влез и излез на сигнал. Предавачите честопати носат адаптери со кои може да се приклучат на проекторот. Сепак, прашајте го предавачот дали носи адаптер, како би имале повеќе време пред настанот за разговор со него наместо да трчате по адаптер.