Како се формира твоето искуство

 

Кога си на концерт сакаш убаво да си поминеш. На предавање да ти биде интересно, а на работилница корисно. Колку и да е искуството индивидуална категорија, при организацијата на настаните постојат две димензии и четири содржини кои влијаат на тоа како се чуствуваш и кое е доминантното чуство од настанот

Кога учествуваш на некој настан, дефинирањето на твоето искуство од посетата на настанот е одредено со следниве две димензии:


  • Твоето активно или пасивно вклучување во содржината на настанот и

  • Твојата поврзаност, контакт со содржините и амбиентот на настанот.

Што значи ова практично?

Кога си во кино или театар, пасивно ги восприемаш содржините бидејќи не учествуваш во нивното креирање - а сепак придонесуваш за добрата атмосфера - замисли полупразна театарска сала? Во овој случај твоето искуство од настанот е одредено од пасивното вклучување во содржината: колку внимателно го следиш филмот, дали е забавен или не, дали ти е интересна темата на претставата и сл. Дополнително, твоето искуство го одредува квалитетот на содржините на кој ги восприемаш и како овие содржини ти се пласирани: квалитет на слика, озвучување, местото во салата. Доминантно искуство е “Entertainment” или искуство кое е дефинирано од чуството на забава.

 

Семинар, работилница или предавање - ти си во публика. Задоволството зависи од степенот до кој ножеш квалитетно да ги восприемиш содржините: дикција на говорникот, фокус на темата, квалитетот на презентацијата од една страна и можноста да земеш активно учество во креирањето на содржините од настанот: да поставиш прашање, работиш на интересни задачи на работилница или гласаш преку Slidо систем во квизот кој е дел од презентацијата на предавачот. Доминантно искуство од посетата на настанот е Education или едукативно искуство.

Дегустираш вино во винарска визба - пробуваш вина и активно учествуваш во содржината на настанот кој е организиран во винарска визба. Целата атмосфера допринесува да се чуствуваш автентично и да се вдлабочиш во атмосферата. Доминантно чуство од посетата на настанот е Escapism или “the feeling of being there”.

 

 Присуствуваш на изложба која се одвива во музеј, а просторијата е уредена идентично како домот на уметникот. Во оваа прилика, твоето искуство е одредено од автентичното окружување, целиот “setting” во кој е конципиран и поствен настанот. Во оваа ситуација повторно си во димензија на пасивен восприемач на содржините бидејќи не учествуваш во креирањето на истите - естетиката е веќе одредена низ сликите кои ги гледаме на изложбата. Доминантно искуство е Aesthetics” или “the benefit of doing”.

Какво беше твоето искуство од последниот настан?