Како едноставно да напишеш покана за следниот корпоративен настан

 

Тоа е оној момент кога го притискаш копчето „backspace“ на твојата тастатура безброј пати незадоволен/ а од напишаното... Пред тебе стои бел лист хартија, А4 формат во „Word“, веројатно завртен во „landscape“. Веќе некое време имаш напишано единствено „Почитувани пријатели“ (…или на кого и да му се обраќаш). Знаеш кој е точниот број на гости кои треба да ги поканиш но едноставно пишувањето на текстот за поканата ти одзема премногу време. Сепак, постои начин едноставно да напишеш покана за твојот следен корпоративен настан и да добиеш повеќе време за себе си одговарајќи на следниве 5 прашања:

Пред се, започни со тоа што во првиот пасос ќе ја претставиш фирмата чиј дел си и ти како домаќин, организатор на настанот.

 

1. Одговори на прашањето „WHO“ или „Кој ја испраќа поканата?“ - и запиши го одговорот како воведен пасос. Претставувајќи ја фирмата, организацијата, здружението или институцијата која е домаќин на настанот веќе немаш бел лист хартија на мониторот и си чекор понапред во пишувањето на поканата успевајќи да ја надминеш можеби најтешката прва, почетна фаза во пишувањето на покани на која вообичаено се губи највеќе време во размисли на темата „Како да почнам?“

 

Па така, во контекст на погоре напишаното: Кој ја испраќа поканата?

Институтот за испитување на јавното мислење „XYZ“ ја користи оваа прилика...

 Верувам дека имаш одлична идеја и сакаш твојот корпоративен настан да биде место каде посетителите и деловните партнери ќе поминат квалитетно време. Веројатно со некои од нив веќе имаш разговорарано за темата на настанот, но живееме во време кое многу брзо ги пласира случувањата во нашето секојдневие и можно е твоите потенцијални гости само потврдно да ти соопштат, од љубезност,  дека знаат, информирани се за што ќе се зборува на настанот за брзо потоа да заборават зошто се поканети и кои се предностите за нив доколку го посетат настанот.

 

 2. Затоа во вториот дел од поканата опиши накратко што ќе се случува на настанот и на тој начин потсети ги потенцијалните гости што е темата на настанот. Избегни да ја раскажуваш целата агенда планирана за тој ден. Дефинирај ја темата на настанот и напиши ја во поканата. Евентуално, објасни им на своите гости во две-три реченици „WHAT“, т.е „Што е темата на твојот настан?“ Пр:...работилница на тема „Користење на нови статистички методи во истражувањето на јавното мислење, нивна примена и резултати од праксата“.

 

3. Следната важна информација која треба да ја содржи поканата одговара на прашањето WHEN” или Кога ќе се одржи настанот? Одговорот на ова прашање треба во себе да ги содржи датумот и времето на почетокот на настанот.

 Пр.: Работилницата ќе се одржи на 24.01.2017 година со почеток во 11часот...

 

4. Покрај датумот и времето на одржување на настанот, важна информација која треба да ја запишеш во поканата е локацијата, местото каде ќе се одржи настанот. „WHEREили „Каде ќе се одржи настанот?“ Пр.:...во хотелот „ZYX“ во Скопје на следнава адреса ул.,      бр....

 

5. На крај, овозможи си да кажеш некој важен податок или објаснување што евентуално го имаш пропуштено да го запишеш во досегашниот текст од поканата. „WHY?“ - е прашање чиј одговор поблиску објаснува зошто е важно посетителите да дојдат на настанот. Одговорот на ова прашање ти дозволува да ја збогатиш содржината на поканата со важни информации. На пример, затоа што ...на работилницата ќе бидат претставени најновите статистички модели а специјалисти од праксата, почитуваните Г-дин... и Г-а... подетално ќе го објаснат теоретскиот пристап во формирањето на статистичките модели, можните грешки при нивната примена и позитивните резултати од нивното користење.

П.с Сега, отвори еден „Word“ документ, ископирај ги деловите од овој блог кој се напишани во Italic и подреди ги по ред, одозгора надолу. Ќе добиеш пример, template што би требало да содржи поканата за твојот корпоративен настан.

Институтот за испитување на јавното мислење „XYZ“ ја користи оваа прилика да Ве покани на работилница на тема „Користење на нови статистички методи во истражувањето на јавното мислење, нивна примена и резултати“. Работилницата ќе се одржи на 24.01.2017 година со почеток во 11 часот... во хотелот ZYX во Скопје на следнава адреса: ул.     ,      бр.     ...На работилницата ќе бидат претставени најновите статистички модели а специјалисти од праксата, почитуваните Г-дин.... и Г-а... подетално ќе го објаснат теоретскиот пристап во фирмирањето на статистичките модели, најчестите грешки во нивната примена и позитивните резултати од нивното користење.

На крајот од поканата секогаш учтиво обрати им се на своите потенцијални гости потсетувајќи ги дека ќе ви биде задоволство да присуствуваат на вашиот настан.