Во нашата кујна за настани, веруваме дека уживањето во специјалните настани во различни прилики е дел од нашето секојдневие. Поминуваме покрај продажни промоции во супермаркетите, учествуваме на конференции, прославуваме годишнини, наздравуваме на венчавките и со желба за забава купуваме билети за фестивалите кои сакаме да ги посетиме. Свесни или не – ние сме дел од настаните во некој контекст.
Специјалните настани – нивната единственост, концепт и присуство во бизнисот не потсетува колку сме страствени кога го подготвуваме компанискиот годишен настан, колку сме посветени кога се соочуваме со предизвикот да креираме концепт за некој иден настан кој многу ни значи и колку недопирливи, но сепак присутни се концептуалните случувањата во нашиот живот.
Така, ви ја претставувам можноста за систематски пристап во организацијата и супервизијата на настаните, честа задача чие решение јас и мојот тим можеме да го овозможиме за вашиот бизнис. Вам ви преостанува да размислите кои следен настан би требало да го организирате кога тоа ќе биде прилика за вашиот бизнис. Ќе ни биде задоволство да ви помогнеме.
Со почит,
Вартан Сурмејан